Медведев повторно ѝ се заканува на Украина: „Ова е само загревање“

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Сојузникот на Путин и заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, упати нова закана до режимот во Киев по изјавата на украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој рече дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.

Медведев му порача на Зеленски дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите кои следат.

„Сегашните ‘ултиматуми’ се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија“, напиша Медведев на Телеграм.

Претходно Зеленски изјави дека во овој момент не е подготвен да преговара со Москва.

Во интервју за Си-Ен-Ен тој рече: „Тоа е мојот принцип, не разговарам со оние кои поставуваат ултиматуми“.

Зеленски тврди дека Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.