Медведев пред дуелот со Синер: Голем предизвик за мене

од Симе Стоиков
329 прегледи

Даниил Медведев продолжи со добри игри во Мајами. Русинот победувајќи го Николас Џари се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.

Кога се во прашање меѓусебните дуели со Синер, Медведев води со 6:4, но Италијанецот има четири победи во низа.

„Тој игра се подобро и подобро и има самодоверба. Гледате некои натпревари на телевизија и кога изгледа дека е во неволја, успева да најде решенија, а тоа го прават вистинските шампиони. За мене е голем предизвик да играм со него и ќе дадам се од себе да бидам на сто проценти“, вети Медведев.

Во пресрет на дуелот со вториот носител на турнирот во Флорида, Медведев со пофалби зборуваше и за Карлос Алкараз, играч чија популарност рапидно расте.

Слични содржини