Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев предвиде што би можело да се случи во 2023 година.
Тој ја наведе можноста за распаѓање на ЕУ и граѓанска војна во САД.
– Пред Нова Година секој сака да дава предвидувања. Многумина практикуваат футуристички хипотези, натпреварувајќи се во предлагањето на најнеочекуваното, па дури и апсурдното. И ние ќе дадеме свој придонес – напиша Медведев на својот канал на Телеграм.
Според него, во следната година е можно враќање на Велика Британија во ЕУ, по што ЕУ ќе се распадне и еврото ќе биде укината како валута на поранешната ЕУ.
Тој додаде дека во САД е можна граѓанска војна со одвојување на Калифорнија и Тексас во посебни држави, по што Елон Маск ќе стане претседател во една од државите доделени на републиканците.