Медведев: Русија нема да се откаже додека не се отстрани „одвратниот, речиси фашистички режим“ во Киев

од Stefanija Kuzmanovska
104 прегледи

Руското нуклеарно оружје и правилата во врска со оружјето кои ги следи Москва се единствените фактори кои го спречуваат Западот да започне војна против Русија, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Тој во колумна за „Руска газета“ напиша дека Русија нема да се откаже од конфликтот додека, како што рече, не се отстрани „одвратниот, речиси фашистички режим“ во Киев и не се демилитаризира Украина целосно.

Тој напиша дека единственото нешто што ги спречува непријателите на Москва денес е тоа што тие разбираат дека Русија ќе се води од основите на државната политика за нуклеарно одвраќање и дека доколку се појави вистинска закана, таа ќе одговори на неа.

Слични содржини