Медведев: Русија ќе ги постигне сите цели во Украина

од Берта Китинска
238 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина и дека мирот ќе биде под руски услови.

Медведев на Телеграм напиша дека Вашингтон продолжува да „пумпа“ оружје во Украина и дека тоа оружје ќе заврши во рацете на криминалците ширум светот.