Воведените санкции кон Русија ќе бидат во сила со децении, а тоа не е ни поврзано со „специјалната операција“ во Украина, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Медведев рече дека е очигледно оти санкциите ќе бидат во сила уште долго, како што беше во минатото, вклучувајќи го и периодот на СССР, пренесе РИА Новости.
Затоа, според него, „земјата треба да се потпира само на сопствените сили“.