Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повика да бидат убиени вооружените лица и сите други вклучени во масакрот во петокот во близина на Москва.
Масакрот предизвика дискусии меѓу сојузниците на Владимир Путин за повторно воведување на смртната казна, која беше укината во Русија во 1996 година, пишува Скај Нјус.
Во објавата на Телеграм, Медведев напиша: „
„Сите ме прашуваат што да се прави? Тие се фатени. Дали треба да бидат убиени? Мораат. И ќе бидат. Но, многу поважно е да се убијат сите вклучени. Сите кој нарачале, кој сочувствувале, кој помогна. Убијте ги сите“.
Владимир Василјев, парламентарниот лидер на фракцијата Единствена Русија во Долниот дом на парламентот, исто така рече дека луѓето во Русија „поставуваат прашања“ за смртната казна. Кремљ, сепак, рече дека не учествува во такви дискусии.
Смртната казна е легална во Русија, но ниту една егзекуција не е извршена од 1996 година.