132
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска оцени дека светот е „болен“ и веројатно е на прагот на нова светска војна, но дека тоа може да се избегне.
„Светот е болен. И сосема е веројатно дека е на прагот на нова светска војна. Дали е тоа неизбежно? Не, не е“, рече Медведев за време на разговорот со учесниците на едукативниот маратон „Знаење“, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека светската војна може да се избегне, но дека нема да дава прогнози, бидејќи, како што оцени, тоа е „неблагодарна работа“.