Поранешниот руски претседател Димитриј Медведев во последната изјава ја навреди Украина предлагајќи ново име за оваа земја. Тој предложи Украина да се преименува по озлогласениот нацистички соработник Степан Бандера.
Неговиот предлог дојде откако украинскиот претседател Владимир Зеленски ѝ рече на својата влада да го разгледа предлогот за промена на името на Русија.
Во петокот Зеленски предложи Русија да се преименува во Москва, а на тој предлог одговори и Медведев.
„Нашиот одговор?… Само Швајниш Бандера Рајх“, напиша Медведев на Телеграм. Зборот „швајниш“ на германски значи „свинско месо“, пренесува RT.
Степан Бандера бил еден од водачите на украинското национално движење во западна Украина, водач на контроверзната Организација на украинските националисти во Втората светска војна.