Грузија забрзано го следи украинскиот пат „во мрачна бездна“. Има предуслови за нови граѓански конфликти, смета заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев.
„Во Грузија е во тек обид за уште една обоена (розова, портокалова) револуција… Постојат сите предуслови Грузија уште еднаш да биде турната во бездната на граѓанските конфликти, уште еднаш принудена да избира меѓу дрските ЕУ и НАТО на од една страна и античките земји на Сакартвело од друга. Накратко, соседите забрзано се движат по украинскиот пат кон темна бездна. Обично тоа се завршува многу лошо“, напишал Медведев на својот канал на Телеграм.
„Дел од луѓето на улица викаат, уништуваат и палат се околу себе. Другиот дел молчи“, оцени политичарот, особено нагласувајќи дека претседателката на државата, „вредната француска ученичка на Збигњев Бжежински“, Саломе Зурабишвили, „полудела“ и порача дека нема да ја напушти фотелјата затоа што не ги признава изборите.
„Такво нешто се користеше и порано. Сега е хуманото време. Ќе помине“, додал Медведев.
Нова серија протести на опозицијата започна во четвртокот во Грузија, откако премиерот Иракли Кобахидзе објави дека го прекинува разгледувањето на почетокот на преговорите за членство на земјата во Европската унија до 2028 година.