233
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ненадејно отпатува во Пекинг и разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг за конфликтот во Украина.
Медведев објави видео на Telegram на кое може да се види како се среќава со Си, се насмевнува за фотографии и состанок на кинески и руски претставници, објави Ројтерс.
Медведев изјави дека тој и Си разговарале за стратешкото партнерство на двете земји „без ограничувања“, како и за Украина.