Откако германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата го обвини претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за економските тешкотии со кои се соочува Германија и тврдеше дека Русија „веќе не е сигурен снабдувач со енергија“, потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев порача дека „Германија делува како непријател на Русија“.
„Русија повеќе не е сигурен снабдувач на енергија“, воодушевено рече германскиот канцелар Шолц. Еве ги пак! Повторно навредена… Германија: а) непријателска земја, б) воведе санкции за целата руска економија и нејзините граѓани, в) ја снабдува Украина со смртоносно оружје кое е насочено против нашите вооружени сили. Со други зборови, Русија објави хибридна војна. Според тоа, Германија делува како НЕПРИЈАТЕЛ на РУСИЈА. И овој старец е изненаден што Германците имаат некои ситни проблеми со гасот. Исто како во детската шега: „И уште се колнат дека го чепкав носот…“, напишал Медведев на социјалната платформа Телеграм, пренесува „Јутарњи.хр“.
Шолц, исто така, во неделата рече дека Русија веќе некое време не ги исполнува своите обврски за испорака и изрази емпатија за Германците кои стравуваат од пораст на цените.
„Ќе ја преживееме зимата“, рече тој, бидејќи Берлин долго се подготвуваше за неа.
Протокот на гас што го испорачува руската енергетска компанија Гаспром се намалува во последните месеци, а во петокот најави дека ќе биде во прекин на неодредено време поради истекување нафта во компресорската станица.