23
Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес, како одговор на израелскиот напад врз Иран, изјави дека заканата од нуклеарен конфликт е реална, но дека никому не му е потребен.
„Често ме обвинуваат дека поттикнувам нуклеарна хистерија. Еве! Кога пишувам за нуклеарен конфликт, тоа не е само така. Тоа е реално. И брзо. Никому не му треба тоа“, напиша Медведев на својот Телеграм канал.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа голема операција преку ноќ во која воздухопловните сили напаѓаат воени цели и локации на иранската нуклеарна програма.