Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека самото име на операцијата „Мајдан-3“, за која украинскиот лидер Володимир Зеленски ја обвини Русија дека ја подготвува, значи признавање на Киев дека првите две операции Мајдан биле државен удар.
„Шефот на Бандеростан рече дека Русија ја подготвува операцијата „Мајдан-3“ во Киев за да го отстрани. Проклетство… Ги измеша сите карти. Она што вреди да се напомене е дека самото име на лукавиот план на московјаните „Мајдан -3′ значи признание од Киев дека првите два Мајдани не биле ништо повеќе од државен удар“, напиша Медведев на социјалната мрежа ВКонтакте, пренесува РИА Новости.
Претходно Блумберг објави дека Зеленски стравува дека во Украина се подготвува нов „Мајдан“. Тој ја обвини Русија дека се обидува да „посее хаос“ и да организира кампања за дезинформации „Мајдан 3“, за да го отстрани од функцијата.