Мегаломански проект “Скопје 2014” ги проголта парите за националната безбедност

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Полициската акција во Куманово како продолжение на оваа во Гошинце става многу прашања и доведува до неколку заклучок. Најважниот заклучок е дека овие настани укажуваат неуспехот на политиката на Владата на Груевски во областа на безбедноста, анализира Перо Димишковски за бугарската агенција БГНЕС

21708mala

Очигледно е дека мала земја како Македонија, која излезе од тежок конфликт во 2001 година и географски се наоѓа во поширок регион на политичка нестабилност, се занемаруваат безбедноста и одбраната. Наместо за зајакнување на секторите на безбедноста и одбраната во последните 10 години буџетските средства беа пренасочени кон проектот “Скопје 2014”, каде беспредметно беа фрлени над половина милијарда евра. Но поради овој проект беа изгубени и субвенции од билатерална помош за истата сума. Така проектот “Скопје 2014” проголта 10-годишни буџети на Министерството за одбрана! Ова е резултат на политиката на Никола Груевски.

Ако Македонија имаше соодветен систем за безбедност, требаше ли да е можно вооружена група од 40 члена да помине незабележано и непречено државната граница и да се пробие до вториот по големина македонски град каде  се водат улични борби со полицијата -кои  целосно ја  колабираа државата  како да сме Сирија или Либија.

Прашањето што се поставува е за совпаѓањето на настаните и нивната предвидливост. Како токму сега се појавија овие вооружени групи, за кои е потврдено дека немаат никаде политичка поддршка и чија појава беше предвидена во медиумите? Како овие групи се јавија во исто време кога граѓаните отворено, преку протести, изразуваат незадоволството од владата и бараат негова оставка? Дали премиерот смета дека ќе успее да се скрие зад ова насилство и ќе продолжи да управува, без да преземе својот дел од одговорноста?

Би сакал сега да го повикам сам да излезе од овој маѓепсан круг на злото и да докаже дека за него најважна е Македонија – да преземе смели чекори, додека уште не е доцна, и да се договори со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за да најдат заедно решенија од кризата во Македонија, повикува Димишковски во анализата за  БГНЕС