Меган Фокс е попопуларна од кога било, пред се благодарение на страсната романса со музичарот Машин Ган Кели, а актерката неодамна позираше за насловната страница на априлското издание на магазинот „Гламур“.
Убавата 35-годишна девојка изгледаше секси и сензуално во проѕирен, бел фустан со апстрактни детали потпишан од брендот Ајрис Ван Херпен, а за заводливиот имиџ секако придонесе нејзината предолга бујна коса свиткана во раскошни локни.
Меган за „Гламур“ проговори и за љубовта со Кели, нагласувајќи дека верува дека ги споила судбината.
„Тој е мојот физички тип што го манифестирам од мојата четврта година. Исто така, јас сум четири години постара од него. Затоа мислам дека го создадов. Моите мисли и намери го обликуваа во личноста што е. Кој знае како тој ќе личеше или кој ќе беше да не бев јас“, изјави актерката.
Познатата убавица се осврна и на тоа што таа и Машин си пиеле крв за време на свршувачката во јануари.
„Значи, луѓето веројатно не замислуваат со чаши додека си ја пиеме крвта, дека сме како во „Игра на тронови“. Но, тоа е само неколку капки и е за ритуални цели. Се обидувам да го контролирам и да пуштам само неколку капки крв. Но, тој е многу побрз и похаотичен, подготвен е да си ги пресече градите со скршено стакло и да каже „земи ми ја душата“, рече таа.
Актерката, која со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин има три сина – Ноа (9), Боди (8) и Џорни (5), проговори и за поттикнување на своите деца да се изразуваат како што сакаат преку облеката што ја носат, без тие да се чувствуваат „чудно или различно“. Имено, сите три момчиња често носат фустани и ја пуштаат косата, во кои најстариот Ноа е најупорен.
„Купив еден куп книги кои се занимаваат со оваа тема, а некои се напишани од трансродови деца. Некои од тие книги зборуваат само за тоа како можеш да бидеш момче, а сепак да носиш фустани; можеш да се изразиш преку облеката како што сакаш. И дека тоа не мора ни да има врска со вашата сексуалност. Од кога беа многу мали, ги вклучив овие теми во нивниот секојдневен живот за никој од нив да не се чувствува чудно или различно“, објасни таа, признавајќи дека таа сè уште беше загрижена бидејќи 9-годишниот Ноа страда затоа што избира да носи фустани.
„Имам дете кое страда. Имам многу да се грижам, бидејќи посакувам луѓето да не беа вакви“, додала таа.