Познатата Меган Фокс се разведе од Брајан Остин Грин во 2020 година по речиси 10 години брак.
Иако се разделија, двајцата останаа во добри односи, пред се поради нивните деца.
Меган претходно отворено зборуваше за тоа дека нивниот син сака да се облекува како девојче и дека го поддржува во тоа.
„Ноа почна да носи фустани на околу две години, па купив книги и книги, за да се информирам на темата, да знам како да се позиционирам, да се изразам… Некои беа напишани од трансродови луѓе, некои беа за тоа како можеш да бидеш момче и во фустан. И на крајот на денот, она што го носите можеби нема никаква врска со вашата сексуална ориентација“, изјави таа за „Гламур“ и додаде дека секогаш се трудела да се погрижи „ништо да не е чудно, туѓо и различно“ за нејзините деца.
Меѓутоа, сега почнаа да кружат приказни дека Фокс „намерно ги облекува своите синови како девојчиња“, по што се огласи нејзиниот поранешен сопруг.
„Тоа е чиста глупост. Малку се оние кои се дури и упатени за сето тоа. Јас сум, и ви велам, нема вистина во тоа“, изјави Брајан за TMZ.
„Само некој кому му „требаат поени“ може да тврди такво нешто и на кого навистина не му е грижа како тоа ќе влијае на односот меѓу родителите и децата“, посочи тој.
Засега Меган не се огласи на оваа ова.