Популарната актерка Меган Фокс даде интервју за „Glamour UK“ каде проговори за страдањата на нејзиниот најстар син на училиште.
– Имам дете кое страда. Затоа имам многу грижи за тоа… Иако моето дете е многу храбро, едноставно ми е тешко како мајка – изјави Меган.
Фокс, која претходно зборуваше за желбата на Ноа да носи фустани, вели дека нејзиниот син „почнал да носи фустани кога имал околу две години“.
Набргу потоа, актерката вели дека „купила еден куп книги кои се занимавале со тоа“, вклучувајќи ги и оние напишани од трансродови деца.
Поинаков
– Некои од книгите велат дека можеш да бидеш момче и да носиш фустан. Можете да се изразите преку вашата облека како што сакате. Тоа дури и не мора да има врска со вашата сексуалност – истакна таа.
Популарната актерка објаснува дека ги научила децата дека е во ред да се биде поинаков.
– Не можам да го контролирам начинот на кој другите луѓе реагираат на моите деца. Не можам да ги контролирам работите со кои другите деца со кои одат на училиште ги научиле од своите родители. Тоа е причината што всушност не објавувам видеа од моите деца на Инстаграм или на социјалните мрежи – објасни таа.
Меган признава дека често патува, па поради работа е принудена да ги остави децата дома.
– Посакувам да можам да ги земам со себе, тоа би ги олеснило работите. Тешко ми е, не само поради притисоците на општеството, туку и поради тоа што сум одвоена од нив. Тие се мојата ДНК – истакна таа.