Меган Фокс „скршена“ по раскинувањето: Бремена е, а на бившиот му пронајде пораки со други жени

од Nikola Popovski
59 прегледи

Актерката Меган Фокс го очекува своето прво дете со раперот Машин Ган Кели. Наместо да биде среќна и да ужива, деновите од бременоста ги поминува неутешно, откако во телефонот на раперот пронашла пораки со други жени.

– Меган е скршена – открива извор за „In Touch“, а потоа додава:

-Да, точно е дека Меган ги прекина односи, но тоа не значи дека повеќе не го сака – открива изворот.

Двојката веќе имаше турбулентно време минатата година, кога Меган ја раскина свршувачката поради гласините дека Кели ја изневерува. Тогаш актерката ги избриша сите заеднички слики на Инстаграм, а во објавата напиша: „Се чувствува неискреноста, тоа е во воздухот“.

По раскинувањето, парот повторно се смири, но сега работите станаа поинакви.

– Меган се чувствува како да ја изневерил. Не може да се помири со идејата дека навистина е готово, иако вели дека знае дека мора да биде – заклучил изворот.

Меган веќе има три деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, додека Машин Ган Кели има една ќерка со Ема Кенон.

Слични содржини