Меган Фокс: Страдам од комплекс на пониска вредност

од Vladimir Zorba

Меган Фокс се прослави откако списание за мажи ја прогласи за најсекси жена на светот во 2008 година.

Нејзините родители Глорија Дарлен и Френклин Томас Фокс се разведоа кога таа имаше три години. Во едно интервју, актерката рече дека нејзината мајка и татко биле многу строги и дека никогаш не и дозволувале да има момче или да поканува пријатели во куќата.

Почнала да посетува часови за глума и танцување на 5-годишна возраст, а на десетгодишна возраст се преселила во Флорида, каде завршила католичко училиште. Меган честопати била малтретирана од децата на училиште.

„Страдам од комплекс на помала вредност и постојано стравувам од потсмев“, истакна актерката и призна дека е ранлива, но агресивна.

Живеела со нејзината мајка додека не собере доволно пари за да започне да живее сама. На 17 години се преселила во Лос Анџелес со своето момче и никогаш не го открила неговото име. Таа ја изгубила невиноста со него и во едно интервју изјави дека станува збор за вистинска љубов и необичен секс. Живеела скромно и никогаш не барала пари од своите родители. За да ја плати киријата, таа се вработила во кафуле во кое работела облечена во банана.

„Можев да бирам помеѓу јаболко и банана и ја избрав бананата затоа што изгледам потенко во неа“, рече Меган, која верува дека имала нормална младост.

Таа ги имаше најзабележителните улоги во филмовите „Transformers“, „Friends with Kids“ и „This Is 40“. На снимањето на серијата „Hope&Faith“, таа го запознава нејзиниот сопруг Брајан Грин, ѕвездата на американската серија „Беверли Хилс, 90210“. Брајан ја запроси сексапилната актерка на плажа во луксузен хотел на Хаваи. Сепак, нивната среќа ја расипа загубата на дијамантскиот прстен некаде на плажа.

Поради несогласувања во бракот, Меган реши да поднесе барање за развод. Таа сега е во врска со младиот рапер Машин Ган Кели, со кого соработуваше на еден проект, а многумина велат дека на крајот се развела од сопругот заради тоа.

Слични содржини