Меган го соблече скапото палто и изненади мајка со бебе во рацете (ФОТО)

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари моментално се во Холандија каде што присуствуваат на игрите Invictus, а откако прошетаа по жолтиот тепих, Меган го предаде палтото на една од натпреварувачките за да го облече нејзиното новороденче.

Елегантната Меган за оваа пригода избра бело волнено палто кое го искомбинира со бели панталони со висок струк од брендот Valentino, а комбинацијата ја надополни со популарниот капут Max Mara кој чини 3.710 фунти и чевли Aquazzura, кои ги носела и претходно на настан.

Поранешната кралска двојка пристигна на настанот во друштво на натпреварувачи, меѓу кои и Фена Гуегес од холандскиот тим со нејзината сопруга Бертине Шурхуис, држејќи го во раце нивното девојче Ливија. Без многу размислување, Меган го обви капутот околу девојката за да не и биде ладно.

Да потсетиме, пред да пристигнат во Хаг, Меган и Хари се сретнаа со кралицата Елизабета во четвртокот, сподели нивниот портпарол откако весникот „Сан“ објави за посетата.

Хари, кој се пресели во САД со Меган, ја пропушти комеморацијата минатиот месец за неговиот дедо, принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина во април минатата година.

Кралската двојка тајно пристигна во замокот Виндзор каде ги пречека кралицата Елизабета, принцот Чарлс и неговата сопруга, војвотката од Корнвол. Како што пишува „Дејли Мејл“, Чарлс останал само 15 минути за средбата, додека неговата сопруга Камила им се придружила само на половина пат од кратката средба, а потоа заедно го напуштиле замокот за да продолжат со другите обврски.

Британците тврдат дека средбата меѓу принцот Чарлс и Хари била многу важна бидејќи во последните месеци речиси и не зборувале, особено по сериозните обвинувања против кралското семејство за време на интервјуто со Опра Винфри. Средбата со кралицата била помалку напната, а иако многу зборови и дела на Хари ја збуниле и вознемириле, се знае дека внукот и е миленик.

-Отсекогаш знаел да ја насмее и тоа ѝ се допаѓа кај него- изјавил извор близок до кралското семејство за Дејли Меил, а откриле и дека на состанокот присуствувала и принцезата Јуџин, која имала клучна улога.

Слични содржини