Меган и Хари беа главна тема на медиумите во последните денови, а сега се огласи и Кејт (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
393 прегледи

Во последните денови главна тема на светските медиуми се војводата и војвотката од Сасекс, Меган и Хари, кои кренаа голема прашина со документарен серијал за нивниот живот.

Тие во овој документарец изнесоа многу тврдења за британското кралско семејство, што само дополнително ги влоши нивните и онака лоши односи, а Бакингемската палата се уште не се огласила по тој повод.

Сепак, на Хари и Меган им го „украде шоуто“ принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, со објава на Твитер.

Имено, Кејт ќе ѝ се обрати на јавноста на католички Божиќ на 25 декември на ITV, како што најави на официјалниот профил на Кенсингтонската палата.

Принцезата од Велс во оваа прилика го покажа стилот во кој ќе се појави, а се работи за бордо фустан украсен со светки и чипка.

Објавувањето на обраќањето на принцезата до јавноста наиде на поделени коментари, а додека некои велеа дека ја „соборила Меган од тронот“, други пишуваат дека „намерно се наметнува бидејќи Меган е попопуларна од неа“.

 

Слични содржини