Меган и Хари го прославија вториот роденден на нивната ќерка, еве што сакал Чарлс да ѝ поклони на внуката

од Stefanija Kuzmanovska
592 прегледи

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл неодамна го прославија вториот роденден на нивната ќерка Лилибет Дaјана.

Прославата се одржа во нивната вила во Монтесито за најтесниот круг на пријатели и семејството.

Сепак, ниту еден од членовите на семејството на Хари не присуствуваше на роденденот на малата Лилибет, а она што многумина го забележаа е дека ниту еден од членовите на британското кралско семејство јавно не му го честитал роденденот на девојчето.

Иако тоа го практикуваат за сите членови на семејството и минатата година на нивните официјални профили на Инстаграм им честитаа и на децата на Хари и Меган, оваа година тоа не го направија, што само ги продлабочи наводите за лошиот однос помеѓу принцот Хари и неговото семејство.

Сепак, како што пишуваат британските медиуми, кралот Чарлс сепак подготвил подарок за својата најмлада внука. Тој наводно сакал да ѝ подари куќиќка за кукли каква што имала неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, како и тетката на Чарлс, Маргарет.

Со оглед на тоа дека куќичката за кукли на Елизабета останала во наследство за децата на принцот Вилијам, Чарлс сакал истото да биде направено и за ќерката на Хари. Од друга страна, медиумите пишуваат дека оваа идеја не му се допаднала на Хари, а тој рекол дека „подарокот треба да биде помалку екстравагантен“.

Слични содржини