Меган Маркл и принцот Хари, наводно, веќе го знаат полот на второто дете и многу е веројатно дека нема да му дадат традиционално британско име, тврди кралскиот експерт Ингрид Сиворд. Додава дека кралскиот пар сигурно се опуштил околу имињата на своите деца откако минатата година се повлекоа од сите кралски должности и се преселија во Лос Анџелес.
Меган и Хари моментално живеат во Монтесито, Калифорнија, а на Денот на вљубените оваа година објавија дека Арчи ќе добие брат или сестра.
„Ова е во стилот на Лос Анџелес каде што живеат сега. Сигурен сум дека детето нема да има традиционално британско име, туку викторијанско име. Ако добијат син, ќе го викаат Редмонд, Блу или Греј и ако добијат ќерка ќе ја нарекуваат Дејзи, Прајмроуз, Вајолет или Ајви. Сепак, не би била изненадена ако детето се вика Дијана“, вели кралскиот експерт.
Судејќи според претпоставките на многу медиуми, Меган може да направи поголема забава за своето второ дете од онаа што ја подготвија нејзините пријатели кога беше бремена со Арчи. Таа веќе не е официјален член на кралското семејство и нејзиниот животен стил е различен од оној што го водеше пред неколку години, а се шпекулира дека раѓањето на нејзиното второ дете ќе се случи нешто поразлично од британската традиција.
Инаку, Меган и Хари објавија дека на легендарната водителка Опра Винфри и дале интервју кое ќе се емитува на 7 март и веднаш кренаа голема прашина. Имаше и некои обвинувања дека истото ќе биде „ублажено“ или изменето со оглед на тоа што 99-годишниот дедо на Хари, принцот Филип беше хоспитализиран пред неколку дена во Лондон затоа што не се чувствуваше најдобро.