Бурата сè уште не се смирува по интервјуто што принцот Хари и го даде на Опра Винфри со неговата сопруга Меган Маркл, а според последните наводи, парот што го напуштил британското кралско семејство има докази за бомбастичните обвинувања што ги изрече за време на разговорот со американската водителка!
Според „Дејли меил“, внукот на кралицата Елизабета Втора и неговата сопруга, американска актерка чија мајка е Афроамериканка, зачувале е-пошта и пораки на мобилните телефони што ги натерало да го напуштат удобниот живот на дворот и да се преселат во американскиот континент.
Се познаваат веќе 17 години
Постоењето на докази го откри Џанина Гаванкар, блиска пријателка на Меган Маркл.
„Да им стане јасно на сите, зборувам во мое лично име, а не нивно“, рече таа на почетокот на разговорот и продолжи: „Ја познавам Меган 17 години и таа не е некој што лесно би си играл со судбините на луѓето. Таа не би ги злоупотребила луѓето со кои работи. Таа и Хари се жртви. Сигурна сум дека вистината ќе излезе на виделина. Тие имаат доволно докази за нивните обвинувања. Има многу пораки на мобилни телефони и е-пошта“.
Да потсетиме, меѓу најшокантните обвинувања на Хари и Меган е дека еден постар член на кралското семејство ги прашал каква боја на кожата ќе има нивното бебе и дека на Меган и било препорачано да се смири и да не го срамоти семејството кога се пожалила дека има ментални проблеми и размислува за самоубиство.
Вонредна ситуација во Дворот
Таблоидите известуваат дека во Дворот има вонредна состојба. Кралицата наводно била решена целосно да ги испита обвинувањата на нејзиниот внук и решила лично да разговара со постарите членови на семејството за да открие кој ги навредувал на расна основа.
Покрај тоа, на вработените во Бакингемската палата им е строго забрането да се огласуваат по скандалот и да даваат анонимни изјави за медиумите.