Меган Маркл и принцот Хари се венчаа на денешен ден пред три години.
Секоја година од тогаш, на 19 мај, си поклонуваат еден на друг традиционални подароци за годишнината од нивната венчавка. Во првата година, тоа беа подароци поврзани со хартија, а Меган тогаш го напиша свадбениот говор на хартија и урамен му го поклони на Хари, пишува „Пипл“.
Втората година, традицијата налага, подароците мора да бидат поврзани со памук. „Памучните испреплетени работи ја симболизираат подлабоката врска што доаѓа со текот на времето“, пишува на веб-страницата за венчавки The Knot.
Традиционалниот подарок за третата годишнина е предмет од животинска кожа, како симбол на нешто што се подобрува со годините.
Меган и Хари ги поминуваат своите годишнини како семејство, мирно и во друштво на нивниот син Арчи. Оваа година има уште една причина за славење затоа што очекуваат девојче на лето.