Меган Маркл (39) и принцот Хари (36) направија уште еден пофален потег и покажаа колку се посветени на својата хуманитарна работа.
Имено, двојката, во име на нивниот син Арчи и во чест на неговиот втор роденден, купи 200 плетени капи од социјалното претпријатие „Make Give Live“, што им помага на семејствата кои имаат потреба. Организацијата го открила прекрасниот потег на Меган и Хари на нивниот Инстаграм профил.
„Благодарам на Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс и, се разбира, на Арчи за великодушната донација на овие 200 капи на нивните пријатели од другата страна на светот во Нов Зеланд. Организацијата I Got Your Back Pack е многу благодарна за нив и ќе бидат испратени во пакетите за бегалците низ целиот Нов Зеланд за да ги загреат главата и срцето. Среќен роденден, Арчи“, напишаа тие.
Многумина во коментарите го пофалија гестот на славната двојка и истакнаа дека се прекрасни.
Бидејќи организацијата работи на принципот купи еден, добиј две, тоа значи дека 400 луѓе ќе добијат капи за следната зима.