Меган и Хари? Не, ова се Рејчел и Хенри!

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, како и многу светски sвезди, го користи нејзиното средно име во јавниот живот, а се покажа дека и тој не го користи своето вистинско име.

Имено, она што е малку познато е дека нејзиното целосно име е всушност Рејчел Меган Маркл.

Токму овој факт ги воодушеви нејзините обожаватели затоа што таа го играше ликот на Рејчел Зејн во серијата „Костуми“.

Целосното име на Меган се појави во центарот на вниманието пред неколку години кога кралицата Елизабета ја благослови нејзината врска со принцот Хари.

Во официјалното соопштение, таа изјави дека го поздравува бракот на нејзиниот внук, принцот Хенри Чарлс Алберт Дејвид од Велс и Рејчел Меган Маркл.

Дури и нејзиниот сопруг не го користи името што му го дадоа на раѓање, а Хари е всушност Хенри, но целиот свет го познава по „лежерното име“, како што рече и самиот еднаш.

Иако не е сосема јасно зошто го избрала средното име, а не првото, Меган неколку пати изјави дека и нејзините родители ја нарекувале Меган или скратено „Мег“, па веројатно пораснала со тоа име.

Слични содржини