Меган и Хари планираат да се преселат во Лос Анџелес

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Меган Маркл и принцот Хари се подготвени да живеат поблиску до сјајот и гламурот на Холивуд. Извори од странските медиуми велат дека тие ќе се преселат во Лос Анџелес.

Како што откриваат извори за TMZ, Меган и Хари наводно разговарале за преселба во ЛА откако одлучиле повеќе да не бара дом во Малибу.

Меган и Хари, исто така, се заинтересирани за различни населби во Лос Анџелес, иако тие сè уште не посетиле ниту еден дом, освен имотот вреден 8 милиони долари во Малибу од кој се откажаа уште во септември.

Меган и Хари живеат покрај брегот во Монтесито, а преселбата во ЛА има смисла. Тие присуствуваа на многу настани во Холивуд, и иако Малибу е многу поблиску од Монтесито, сепак изгледа премногу далеку.

Откако TMZ ја објави приказната за Меган и Хари кои го обиколувале имотот покрај автопатот Пацифик Коуст, откриено е дека имотот станал магнет за папараците и општите медиуми, што ги натерало да се загрижат за сопствената безбедност и на крајот ги одвратило од купувањето.

Инаку, Меган и Хари живееја во Беверли Риџ Естејтс неколку недели во текот на 2020 година, а Хари го опиша времето поминато таму како „блаженство“ затоа што никој не знаел каде се.

Слични содржини