Меган и Хари по секоја цена сакаат помирување со семејството, ризикуваат милиони

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

По напуштањето на кралското семејство, Меган Маркл и принцот Хари изградија империја во светот на шоу-бизнисот и продолжија да се занимаваат со добротворна работа.

За парот моментално се зборува во контекст на нивната документарна серија на Нетфликс и мемоарите на Хари, кои треба да предизвикаат големо внимание. Токму тоа е проблемот во врска со кој принцот и Меган се многу внимателни, па сакаат да променат некои работи за да не го налутат кралското семејство.

Како што објаснила кралската дописничка Кејти Никол за Vanity Fair, парот мора да внимава што ќе каже за нив во идните проекти.

„Хари и Меган се свесни дека ако направат или кажат нешто што може да се смета како нечувствително за семејството на Хари, тогаш ризикуваат да бидат целосно отсечени. Во семејството веќе постои чувство дека се на тенок мраз и дека мора внимателно да чекорат“, рекол извор во разговор со Никол.

Двојката одлучи да го ублажи своето однесување и содржината на документарната серија на Нетфликс бидејќи сакаат таткото на принцот, кралот Чарлс Трети, да биде на нивна страна.

„Хари знае дека неговиот татко може да биде прилично безмилосен ако мора. Чарлс нема да толерира член од неговото семејство да го наруши угледот на круната“, рекол изворот.

Односот со членовите на кралското семејство е важен за парот поради нивните деца, синот Арчи (3) и ќерката Лилибет (1).

Инаку, американските медиуми неодамна објавија дека Меган и Хари се судриле со Нетфликс, па дури и со нивниот продуцентски тим за документарната серија. Како што напиша Page Six, парот одлучил дека сака да се откаже од некои работи што сакале да ги прикажуваат и снимаат претходно, што им направило проблеми.

Меган и Хари, наводно, инсистираат делови од серијата, кои ја снимаат повеќе од една година, да бидат исечени, но раководителите на Нетфликс стојат покрај продуцентскиот тим кој сака да ја задржи содржината создадена досега.

„Хари и Меган се предомислуваат за сопствената приказна, проектот“, изјави извор на Нетфликс за Page Six.

„Тие се во паника, сакаат да ги ублажат и најосновните работи, но тоа е нивна приказна, од нивна уста“, вели друг извор.

Слични содржини