Меган Маркл смени вера

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Свршеницата на британскиот принц Хари – американската актерка и модел Меган Маркл, ја прифати Англиканската вера, соопшти британскиот печат.

Црковниот ритуал бил извршен во кралската капела. На барање на Маркл, церемонијата ја извршил Архиепископот од Кентербери и духовниот водач на Црквата на Англија.

На церемонијата присуствувале принцот Чарлс, неговата сопруга Камила и принцот Хари.

Венчавката на Хари, кој е петтиот во редот наследник на британскиот престол, со американската актерка ќе биде на 19-ти мај. Тие ги објавија плановите за свдба во ноември минатата година.

Уште тогаш Меган, која беше протестантка, најави дека ќе го прифати англиканството за да биде подготвена венчавката по традициите на црквата на Англија.

Слични содржини