Меган носи само бело – стилисти откриваат зошто!

од Vladimir Zorba

Британските медиуми забележаа дека Меган Маркл носи само една боја во последно време – бела. И, се разбира, не може да биде случајно, ако се има предвид дека Меган е многу внимателна во врска со својот избор на облека и сака да испраќа одредени пораки со своите стилови.

„Има толку многу симболички значења зад изборот на боите, а со оглед на тоа колку гласно зборуваше Маркл за расизмот и социјалната правда, можно е дека таа го има тоа на ум додека се облекува“, пишува InStyle, потсетувајќи на протестите на „Black Lives Matter“, на кои луѓето главно носеле бело.

Стилистот Сузи Хаслер изјави за Femail дека Меган ја изразува својата солидарност во борбата против расизмот во бело.

„Секако, Меган е свесна за симболиката на боите. Белата е начин да го покажете вашиот став. Тоа покажува дека е обединета со целите што ги застапува„, истакна Хаслер.

Белата беше и бојата на женското движење од 20 век.

„Таа стана нешто како униформа, која ја носи секоја жена, без оглед на која класа и припаѓа и каква и да е нејзината боја на кожа – тоа е бојата на единството“, забележува Хаслер.

Белата боја исто така ги придружува пораките за мир и надеж, а некои веруваат дека изборот на Меган сугерира нов почеток, кој го доби со принцот Хари со тоа што се дистанцираше од британското кралско семејство. На крајот, таа може да носи обични бели маици токму затоа што сака луѓето да не се занимаваат со тоа што го носи, туку со тоа што го зборува.

„Меган е многу, многу внимателна во врска со пораките што ги испраќа. Таа има глас што сака да го искористи за вистински промени, а не да биде засенет од некои дизајнерски алишта“, откри еден соработник на Меган.

Бела стана и изборот на принцот Хари, кој минатата недела рече дека мора да зборуваме за правда и еднакви права. Тој додаде дека монархијата мора да го признае своето минато и да се обиде да го поправи злото што ги направила, и призна дека тој самиот има некои несвесни предрасуди.

Слични содржини