Експериментите кои нацистите ги извршувале над децата за време на Втората светска војна биле до толку бизарни што многумина не можат да поверуваат дека воопшто и се случиле. Меѓу најсуровите доктори е и една жена која предничи со својот перверзен ум.
Фридрих Вагнер

Вагенер бил високо рангиран меѓу нацистите, а денес неговото име го носи една ретка болест- Вагнерова грануломатоза. Бил задолжен за една еврејска гето населба во Полска каде што биле извршувани различни медицински експерименти во логорите.
Ернст Роберт Гравиц

Во текот на Втората светска војна пробал да го искорени “светот на сексуалноста”, а за тоа спроведувал експерименти кои биле исклучително бизарни и болни.
Алберт Видман

Германскиот хемичар кој е патем и висок офицер, работел на програма за евтаназија – Акција Т4. Тој инаку бил стручњак за евтанација на деца, труење и убивање на деца со инјекции.
Еуген Фишер

Идејата по која се воделе нацистите е дело на овој човек. Тој е творец на теоријата за надмоќта на ариевската раса и според неговиот план, одредени етнички, верски, расни и сексуални групи не би требало да постојат.
Eрвин Динг Шулер

Хирургот кој стигна до чинот- мајор во озлогласениот нацистички сојуз, остана запаметен по своите сурови експерименти во концентрационен логор Бухенвалд. Од 1939 до 1945-та година спровел експерименти над затворениците, а тоа било вбризгување на различни вируси и истражување на грозница, тифус и колера.
Херта Обехаусер

Во редовите на лекарите монструми се вбројува и една жена. Една од нив била и Херта, која во тоа време ја биел особено лош глас. Таа била позната поради експериментите кои се спроведени над жените, во најголем број случаи жени од Полска, но и убиени деца со инјекција после што им биле извадени белите дробови и останатите витални органи.
Карл Клауберг

Како и сите останати на овој список, Карл бил задолжен за медицинските тествои, но негова специјалност била стерилизацијата која ја вршел над затворениците од логорот Аушвиц.