542
Трагедијата по терористичкиот напад во Москва од ден на ден добива се поцрн биланс.
Откако властите информираа дека нема загинати српски државјани во терористичкиот напад во Москва, медиумите објавија дека во таа трагедија загинале тројца Срби.
Како што пренесуваат Б92 животот го загубиле брачна двојка од Војводина и нивниот шестгодишен син.
Според ажурираните податоци на руското Министерство за вонредни ситуации за Московската област, бројот на повредени во терористичкиот напад што се случи во петокот вечерта во концертната сала Крокус, во близина на Москва, се зголеми на 152, од кои 114 се хоспитализирани беше објавено денеска на веб-страницата на министерството.