Меѓу жртвите од топлотниот бран во Јапонија е и 13-годишна ученичка, во Јужна Кореја 12 мртви

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Топлотниот бран ги зафати и Јапонија и Јужна Кореја и однесе многу животи, а на листата на жртви на невообичаено високите температури во Јапонија се најде и 13-годишна ученичка.

Вкупно 12 лица починаа во Јужна Кореја досега како последица на екстремно топлото време, додека вкупно три лица настрадаа во Јапонија, меѓу кои и 13-годишно девојче кое го загубило животот враќајќи се од училиште, пишува лондонски „Гардијан“.

Таа била пронајдена во бесознание на тротоарот, до неа бил велосипедот со кој се враќала од училиште.