Специјалистите од Подмосковскиот Центар за управување на летовите (ЦУП) извршија далечинска корекција на орбитата на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Маневрирањето за зголемување на висината на орбитата е извршено со помош на моторите на товарниот брод “Прогрес М-28М”, објавија од ЦУП. Од своја страна од руската вселенска агенција Роскосмос прецизираа дека моторите работеле 146 секунди за придвижување на станицата Импулс 2,2 метри во секунда. Висината на орбитата е зголемена за 3,7 километри и веќе е во просек 405 километри, посочува ТАСС. Промената се наметнува, за да се добијат поповолни балистички услови за следното слетување.