Меѓународниот аеродром „Истанбул“ е најпрометниот аеродром во Европа, според податоците на Евроконтрол

од Radmila Tasevska
195 прегледи

Меѓународниот аеродром „Истанбул“ беше најпрометниот аеродром во Европа во периодот од 29 јануари до 4 февруари со просечни 1.309 летови дневно, се вели во извештајот на Европската организација за воздухопловна безбедност (Евроконтрол).

Аеродромот во Истанбул е следен од лондонскиот аеродром Хитроу со 1.219 летови дневно и аеродромите во Амстердам со 1.180 летови дневно.

Претходно оваа недела, министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаиоглу, објави дека во јануари аеродромот во Истанбул пречекал 6 милиони патници на домашните и меѓународните линии, а бројот на управувани авиони бил околу 40.848. Авионскиот сообраќај во Истанбул пораснал за 6 отсто во однос на јануари лани.

Аеродромот Истанбул се наоѓа во европскиот дел на космополитскиот град. Успеа да стане еден од најважните транзитни центри во воздушниот транспорт откако започна со работа во април 2019 година.

Слични содржини