Welcome to Локално   Click to listen highlighted text! Welcome to Локално

Меѓу попишаните има и Југословени, будисти и џедаи

од Nikola Popovski
234 прегледи

Спроведениот попис покажа дека вкупното резидентно население на Република Северна Македонија изнесува 1 836 713 жители. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи.

Според изјаснувањето за етничка припадност, 58.44 % проценти од населението се изјасниле како Македонци, 24.30 % проценти како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци и др. Овде е занимлив податокот што 344 граѓани се попишале како Југословени.

Податоците од пописот велат оти според религиската припадност, 46,14 отсто од попишаните резиденти земјава се изјасниле како православни. Како муслимани се изјасниле 32,17 отсто од попишаното резидентно население, а 0,37 проценти од попишаните резиденти се декларирале како католици.

Една од религиите претставена според пописот е и будизмот, со 894 следбеници. Повеќе од илјада граѓани се изјасниле како Јеховини сведоци, а бројот на агностици е двоцифрен.

Според пописот, дел од граѓаните ги искористиле своите права и слободи за да се изјаснат како марсовци и џедаи, а имало и такви кои целосно одбиле да се изјаснат во однос на нивната националност или религија.

Последниот попис беше спроведен од 2002 година.

Слични содржини

Click to listen highlighted text!