312
Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) започна да регистрира стотици затвореници од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол, соопштено е денеска.
МКЦК во соопштението наведе дека регистрацијата на украинските борци кои ја напуштиле фабриката за челик, вклучувајќи ги и ранетите, започнала во вторникот и продолжува денеска, пренесе „Ројтерс“.
МКЦК зема информации од поединци за да ги следи заробениците.