158
Денеска меѓународните лидери ја изразија својата солидарност со Украина и ја повторија својата поддршка на Денот на независноста на земјата.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нацијата ќе биде со Украина се додека е потребно и додаде дека ќе биде обезбедена секаква можна хуманитарна, економска и воена поддршка, пренесува Би-Би-Си.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ги повтори зборовите на британскиот премиер и додаде дека Европа е со Украина „денес и на долги стази“.