Меѓународните лидери ја повторија својата поддршка за Украина на Денот на независноста

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска меѓународните лидери ја изразија својата солидарност со Украина и ја повторија својата поддршка на Денот на независноста на земјата.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нацијата ќе биде со Украина се додека е потребно и додаде дека ќе биде обезбедена секаква можна хуманитарна, економска и воена поддршка, пренесува Би-Би-Си.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ги повтори зборовите на британскиот премиер и додаде дека Европа е со Украина „денес и на долги стази“.

Слични содржини