Европската унија е во процес на воспоставување механизам што треба да ги олесни донациите и препродажбата на вакцините против ковид-19, кои ги резервираше за своите потреби, објави Европската комисија.
Во врска со писмото од 13 земји-членки на ЕУ, во кое се бара Европската комисија да биде поактивна во обезбедувањето вакцини за земјите од источноевропското соседство, Брисел потенцира дека работат на организирање помош за „сите соседи“.
„Од самиот почеток е јасно дека бараме најдобри начини да му помогнеме на Западен Балкан, но исто така и на нашите соседи од исток и југ“, изјави портпаролот на Комисијата, Ана Писонеро.
Писенерова го повтори ставот на ЕК дека вакцината против ковид-19 е „глобално јавно добро“ што мора да биде достапно за секого.
Таа наведува дека покрај учеството на ЕУ и меѓународниот механизам за набавка на вакцини Ковакс, ЕУ директно соработува со своите соседи преку билатерален трансфер на своите дози на вакцини, односно помош при набавка на вакцини во соработка со европски и меѓународни финансиски институции.
Минатата недела ЕУ издвои 70 милиони евра за набавка на вакцини за Западен Балкан.