490
Доктор Злате Мехмедовиќ кој е дел од тимот на лекари кои лекуваа пациенти позитивни на ковид 19 на својот Фејсбук профил сподели убава вест.
-Дерматовенерологија и неврологија, двете одделенија кои згрижуваа пациенти со Ковид 19 беа првите кои се отворија во екот на пандемијата, а денес се последните кои се затворија во Ковид центарот на Интерните клиники. Ова се моите соборци, мој наклон и почит кон сите, напиша Мехмедовиќ.