Meizu го пушта M6s со 4 и 6 GB RAM меморија

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Само пред неколку недели кинески Meizu го пушти својот модел M6, кој првенствено имаше Exynos 7872 процесор.

Сега кинескиот регулатор TENAA одобри два нови Meizu модели кои ќе се продаваат под името M6s. Главната промена ќе биде во RAM меморијата. Додека оригиналниот M6 беше опремен со 3GB меморија, тогаш новите модели ќе се нудат во варијанти со 4 и 6 GB RAM меморија.

Останатите параметри се задржуваат и освен процесорот Exynos вклучуваат единечна камера со резолуција 16 мегапиксели и камера за селфи фотки со резолуција 8 мегапиксели.

Покрај тоа, корисниците добиваат 5,7 – инчен FHD + дисплеј и батерија со капацитет од 3000 mAh.

Од Meizu се задржале и на micro USB портата, но пак додале брзо полнење на батеријата.

Во моментов не се јасни точните датуми на пазарната премиера, а очекувањата се цените да бидат 1.399 јуани (180 евра) за моделот со 4 GB RAM и 64 GB меморија за апликации.

Слични содржини