Meizu Zero – првиот смартфон без копчиња, кабли и портови

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Кинески Meizu е број еден во светот по продажба на паметни телефони и е една од најпопуларните брендови во азиската земја. Сепак, компанијата сака да стане позната по нешто друго – со својот паметен телефон на иднината.

Оваа недела, производителот го покажа својот нов модел – Meizu Zero, првиот телефон во светот без портови, копчиња и кабли.

Тој користи т.н. mSound 2.0 технологија каде што звукот доаѓа директно од екранот. Сепак, телефонот има мал отвор за микрофонот.

Моделот е опремен со 5,99-инчен OLED дисплеј со вграден сензор за отпечаток од прст, како и камера за препознавање на лицето. Исто така, работи со Snapdragon 845 процесор.

Уредот може да се полни безжично. Полначот е 18 вати, кој се очекува да биде значително помоќен од методот на безжично полнење што го користат Apple и Samsung.

Meizu Zero е водоотпорен и може да стои во до 2 метри длабочина за половина час. Ако се прашувате каде е вметната SIM картичката на паметниот телефон, таа не работи со физичка, туку користи eSIM технологија каде што картичката е целосно електронска.

Моделот има виртуелни копчиња, а не физички. Така, кога се вклучува и исклучува, уредот вибрира.