Меј доби уште две недели за преговори за Брегзит

од desk4
70 прегледи

   Британската премиерка Тереза Меј доби уште две недели за преговори со ЕУ за Брегзит и шанса да се одложи напуштањето на Европската унија, откако пратениците во Вестминстер ја поддржа нејзината нова стратегија со која се предвидува Парламентот да може да решава за одлагање на истапувањето на Велика Британија од Унијата.