Мејведер се забавува со три убавици во тропски рај (ФОТО)

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Боксерската легенда, Флојд Мејведер се релаксира на тропски остров во друштво на три убавици и ја планира својата иднина, вели британскиот таблоид „Сан“.

41-годишниот Американец се пофали во социјалната мрежа Instagram како се забавува околу еден базен, опкружен со три атрактивни жени. Ова се случува во прекуморската британска територија на Туркс и Кеикос, дел од архипелагот на Бахамите.

Мејведер самиот навести дека е подготвен да се врати по 50 победи и без пораз во рингот, но овој пат во ММА.

„Спокојството е прекрасно, но како што секој знае, кога одам на одмор, секогаш се враќам“, вели американецот.

Слични содржини