Флојд Мејведер доживеа голем удар, неговата поранешна сопруга беше пронајдена мртва во автомобилот пред својата куќа во Америка.
Џоџи Херис е мајката на трите деца од бракот со Мејведер, кој кон неа се однесувал насилнички и поради напад врз неа поминал два месеци зад решетки во 2010 година.
Таа тврдеше дека била малтретирана во шест различни прилики, но случајот поради кој Мејведер бил осуден е особено страшен.
Мејведер дошол во нејзиниот дом во Вегас додека таа спиела, ја повлекол за коса а потоа ја претепал пред децата. Мејведер се бранел и ги демантирал обвинувањата, а тврдел дека поранешната сопруга е на дроги.
Поради сето тоа, Мејведер сега сигурно се кае. Џоџи ја нема повеќе, а тој се простува преку заеднички фотографии, објавил 11 вкупно со коментари „моја љубов, мој живот, мое семејство“.
https://www.instagram.com/p/B9sWWovlynH/