Компанијата “Мекдоналдс” објави нов производ на својата кујна – помфрит полеан со чоколаден крем.
Од пораката во сајтот на McDonald’s, станува јасно дека производот ќе биде предложен во две варијанти. Во првата опција кремот ќе биде од млечно чоколадо, а во вториот ќе има вкус на какао.
Новото јадење веќе е именувано како “МакЧоко компир”. Според пронаоѓачите тоа ќе им овозможи на клиентите да уживаат во хармоничен спој на вкусови меѓу солениот компир и слатката чоколада. Компанијата верува дека МакЧоко ќе може да се нарача како заедно со хамбургери, па и како десерт.
Среќниците кои први ќе можат да го пробаат новото мени, се жителите на Јапонија, познатата Земјата на изгрејсонцето, каде McDonald’s очигледно се надева дека ќе изгрее неговиот нов производ.