Мекдоналдс рестораните во Русија ќе имаат нови сопственици и ќе бидат отворени под ново име

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Во Русија во недела повторно ќе бидат отворени поранешните ресторани на американската компанија Мекдоналдс под нов бренд и сопственост, повеќе од три децении по доаѓањето на многу популарниот западен синџир за брза храна во оваа земја, пренесе Ројтерс.

Обновувањето на работата е закажано за Денот на Русија, национален празник на кој се слави независноста на земјата, на истата главна локација на плоштадот Пушкин во Москва каде Мекдоналдс првпат беше отворен во Русија во јануари 1990 година, според британската агенција.

Мекдоналдс ја прекина работата на сите 850 свои ресторани во Русија на 14 март, непосредно по почетокот на руската воена операција во Украина, а на 16 мај мултинационалниот гигант најави повлекување од Русија.

Слични содржини